Програма за прекугранична соработка
Србија – Северна Македонија 2016-2020
од Инструментот за претпристапна помош (ИПА II) Референтен број: EuropeAid/165171/ID/MULTI
Владата на Република Србија, Министерството за финансии, Секторот за договарање и финансирање на програми од ЕУ фондовите (CFCU), во соработка со На Министерството за Европска интеграција на Владата на Република Србија и Министерство за локална самоуправа на Владата на Република Северна Македонија го најавува Првиот јавен Повик за предлози за следните приоритетни,области и специфични цели:
ТП 1: Промоција на вработување, мобилност на трудот и прекугранично социјално и културно вклучување
CO 1.1: Подобрување на капацитетот на трудот и проширување на можностите за вработување
СО 1.2: Подобрување на социјалната и културната вклученост ТП 2: Поттикнување на туризмот и културно и природно наследство CO 2.1: Мобилизација на културните и природните ресурси за заеднички развој на одржливи туристички производи и дестинации CO 2.2: Подобрување на заеднички систем за управување со природни и културни локации, како и населени места, вклучувајќи подготвување за сшравување природни незгоди
Со финансиска подршка од ИПА буџет за прекуграничната програма Србија-Северна Македонија за 2016 и 2017 година. Концептните Ноти мора да бидат доставени во запечатен плик со препорачана пошта, приватни курирски услуги или со рачна испорака на следната адреса: Министерство за финансии Одделение за склучување на договори и финансирање на програми финансирани од ЕУ (CFCU) Одделение за оценување на тендери и договарање 3-5, Сремска, VII кат / канцеларија 701, 11000 Белград, Република Србија
Крајниот рок за доставување на концептна нота е 27 септември 2019 година (во случај на испорака на рака, крајниот рок за приемот е на 27 септември 2019 година, пред 15:00 часот). Сите апликации поднесени по крајниот рок ќе бидат исклучени од процесот на селекција. Упатството за апликантите е достапно на следните веб-страници:
www.cfcu.gov.rs; www.eu.rs-mk.org; www.mei.gov.rs;www.evropa.gov.rs;
https://eeas.europa.eu/delegations/republic-north-macedonia_en; www.mls.gov.mk
Контакти за дополнителни информации: cfcu.questions@mfin.gov.rs