Почитувани,
Во тек е подготовка на ИПА III програма за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија за следната седумгодишна финансиска перспектива 2021 – 2027 година. На самиот почеток на овој процес, ве поканивме да ни помогнете со пополнување на прашалник потребен за подготовка на SWOT анализа, еден од основните делови на документот за идната програма. Во претходните месеци, Заедничката работна група (JTF) за програмирање одржуваше дискусии и го усвои 1-виот нацрт на документот на Програмата, кој би сакале да ви го претставиме по овој повод и повторно да ве поканиме да дадете свој придонес во овој важен процес, обезбедувајќи ги вашите предлози за овој документ. Добро наблудуваните и добро опишаните потреби доведуваат до подобро дефинирани активности за постигнување на целите. Овие активности во понатамошната фаза ќе бидат презентирани за финансирање во рамките на оваа Програма за прекугранична соработка (CBC) – и вие, како потенцијални корисници, сте најдобри луѓе за комуникација со реалната состојба на работите.
Ве молиме да го прочитате првиот нацрт на документот од Програмата и да ги доставите вашите предлози на е-поштата приложена подолу. Ние исто така ве охрабруваме да ја испратите оваа порака до сите поединци и институции и / или организации, што, според вас, може да дават придонесе за подобро разбирање на потребите на програмската област на оваа прекугранична програма преку нивно активно учество во оваа заедничка и транспарентен процес на програмирање ИПА III. Сите доставени коментари и предлози ќе бидат разгледани и дискутирани во онлајн состанокот предвиден во јануари 2021 година.
Ве молиме, испратете ги вашите коментари и предлози до 31 декември 2020 година на следната е-пошта: office@rs-mk.org
Ви благодариме на вашиот придонес, поддршката и соработката.