Министерството за европски интеграции на Република Србија како оперативна структура на ИПА Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2016-2020 година, ги поканува заинтересираните кандидати да се пријават за следната позиција:
• Проектен службеник во Заедничкиот технички секретаријат на ИПА II Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2016-2020, Лесковац
Постапка за аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи за апликација:
• Биографија во Еуропас формат (на англиски);
• Мотивациско писмо на англиски јазик;
• Фотокопија од диплома/диплома од средно образование заедно со доказ за потребното професионално искуство;
• Фотокопија од важечка возачка дозвола.
Заинтересираните кандидати треба да ги испратат документите за аплицирање најдоцна до 19. јануари 2022 година до 14 часот на следната е-пошта: cbc@mei.gov.rs, со наслов на е-пошта: Проектен службеник во Заедничкиот технички секретаријат на ИПА II Програмата за ПС Србија – Северна Македонија 2016-2020
Условите за работа за позицијата проектен службеник може да се преземат Овде.
Само кандидатите кои ги исполнуваат професионалните услови од Условите за работа ќе бидат поканети на интервју 2 недели по истекот на рокот за пријавување, и затоа е потребно да бидат достапни за интервјуто што ќе се одржи онлајн поради Ковид-19 пандемијата.