По повод неодамна објавениот Втор повик за предлози за Програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија 2016-2020 година во рамките на финансиската перспектива ИПА II, Министерството за финансии на Република Србија, Сектор за склучување договори и финансирање на фондовите на ЕУ ( CFCU), во соработка со Министерството за европски интеграции на Владата на Република Србија и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија, со задоволство ги најавуваат следните настани:
Настан | Датум | Време | Место | Линкови |
Конференција по повод објава на повикот | 28/3/2022 | 12:00 – 13:00 | Врање Online | YouTube stream (МЕИ канал) |
Информативна сесија и Форум за поттикнување на партнерството | 30/3/2022 | 10:00 – 14:00 | Online | Дневен ред Регистрација |
Информативна сесија | 13/4/2022 | 10:00 – 12:00 | Online | Дневен ред Регистрација |
Деталната агенда на Конференцијата по повод објавувањето на Вториот повик ќе биде објавена наскоро.
Заинтересираните организации и институции се поканети да се пријават за учество на Информативните сесии и Форумот за поттикнување на партнерството.
Пакетот за апликации поврзан со Вториот повик за предлози во рамките на Програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија 2016-2020 година е достапен на следните веб-локации:
- https://eu.rs-mk.org/2022/03/10/the-second-call-for-project-proposals-within-the-cross-border-cooperation-programme-serbia-north-macedonia-2016-2020-is-published/
- http://www.cfcu.gov.rs/tender.php?id=686
- https://www.mei.gov.rs
- https://mls.gov.mk/mk/информации/јавни-повици/2344-јавен-повик-програма-за-прекугранична-соработка-србија-–-северна-македонија-2016-2020
- https://eu.rs-mk.org/2022/03/10/the-second-call-for-project-proposals-within-the-cross-border-cooperation-programme-serbia-north-macedonia-2016-2020-is-published/