ОБЈАВА
Онлајн настан по повод отворањето на Вториот повик за предлози за Програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија
Министерството за европски интеграции на Република Србија, Оперативната структура на Програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија 2016-2020 година и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија во соработка со Министерството за финансии на Владата на Република Србија го отвора вториот повик за предлози за Програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија во понеделник, 28 март 2022 година во 12:00 часот. Линкот за следење во живо на настаните преку livestream на официјалниот YouTube канал на Министерството за европски интеграции е – https://youtu.be/bUnzeCF6Juk
Михајило Дашиќ, помошник министер за евроинтеграции на Република Србија, Хајрие Ахмед од Секторот за Европската унија на Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија и Марко Јовановиќ, помошник министер за финансии на Република Србија , Сектор за склучување договори и финансирање фондови на ЕУ. По воведните излагања, предвидена е кратка презентација на проектите од оваа Програма.
Програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија е една од осумте програми за прекугранична и транснационална соработка што се спроведуваат во нашата земја со соседните земји и ја координира Министерството за евроинтеграции. Вториот повик за прекугранична соработка со Северна Македонија беше отворен на 10 март годинава, а рокот за поднесување проекти е 8 јуни 2022 година. Средствата наменети за овој повик изнесуваат речиси 1,9 милиони евра, а главните приоритети на повик се: промоција на вработување, мобилност на трудот и прекугранична социјална и културна инклузија како и промоција на туризмот и културното и природното наследство. Сите дополнителни информации се достапни на веб-страницата на Програмата: www.eu.rs-mk.org.