СРЕДА, 30 МАРТ 2022 год
Инфо сесијата и Форумот за пребарување партнери, по повод објавувањето на Вториот повик за предлози во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија 2016-2020 година, се одржаа во среда, 30 март 2022 година. Тие беа организирани од Министерството за финансии на Република Србија во тесна соработка со Министерството за европски интеграции на Република Србија и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија, со поддршка на Заедничкиот технички секретаријат.
Љубица Малиќ-Никиќ, претставник на Договорниот орган, Одделот за склучување договори и финансирање на програми финансирани од Европската Унија приМинистерството за финансии на Република Србија, ги презентираше Упатствата за апликантите.
На настанот присуствуваа повеќе од 40 претставници од различни институции, кои имаа можност да се информираат за правилата на Повикот. Заедничкиот технички секретаријат го претстави формуларот за апликација кој беше презентиран за време на настанот.
Истиот ден се одржа и Форумот за пребарување партнери на кој беа презентирани идеите за прекуграничните партнерства. Учесниците имаа можност да стапат во директен контакт со цел да воспостават партнерства и да разговараат за заеднички идеи.
ЗТС ќе биде во располагање за дополнителна поддршка за наоѓање партнери од двете страни на границата.
Контакти на веб-страницата на Програмата: КОНТАКТ – ИПА програм прекугранично сарадње Србија – Северна Македонија (rs-mk.org) или со користење на базата на податоци за Партнери на истата веб-локација.
Следете не за повеќе новости за програмата на ФБ страницата:
Program prekogranične saradnje Srbija- Severna Makedonija | Facebook