Билатерален состанок меѓу оперативните структури на Србија и Северна Македонија
На 18 април, оперативните структури на програмата Србија – Северна Македонија одржаа билатерален состанок во просториите на Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија, каде што беа разгледани повеќе теми, меѓу кои: реновирањето на канцеларијата на ЗТС/Антената во Куманово, функционирањето на целокупниот систем, контролните механизми, спроведувањето на програмата и други важни прашања.

