Почитувани корисници, апликанти и потенцијални апликанти,
Со цел да се спречат ситуации кои можат да доведат до двојно финансирање, а со тоа и до финансиски и правни последици за корисникот, ви го обрнуваме вниманието на обврската што секој апликант ја презема преку учество на јавниот повик за доделување на грант договори, односно со потпишување на Декларацијата за честа (Annex H: Декларација за чесност, Упатства за кандидатите за грант, https://wikis.ec.europa.eu/display/ExactExternalWiki/ePRAG) која е составен дел од апликациски пакет, и со потпишување на договорот за Гран наведената Декларација станува дел од договорот.
Со горенаведената изјава, секој апликант изјавува дека не добил никакво друго финансирање од Унијата за да ги спроведе активностите што се предмет на оваа апликација за грант и се обврзува веднаш да му пријави на договорниот орган секое друго такво финансирање од Унијата што би го добила до крајот на имплементацијата.
Потсетуваме дека за проектни идеи кои се веќе во фаза на имплементација, односно веќе имаат добиено средства од фондовите на Европската Унија, не е дозволено да се бараат други средства.
Ви препорачуваме да пријавите до договорниот орган или друго релевантно тело, за секое друго финансирање што вашата организација го добива или има добиено од јавни фондови, а на било кој начин може да биде поврзано со имплементацијата на предлог-проектот што е предмет на апликацијата за грант. или подоцна со склучениот договор за грант.