„Подготовка на предлог проекти за Програмата за прекугранична соработка“
Почитувани,
Министерството за европски интеграции на Владата на Република Србија и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија, со техничка поддршка на Заедничкиот технички секретаријат на
Програмата за прекугранична соработка (ЗТС), ве покануваат да присуствувате на еднодневна работилница на тема „Подготовка на предлог проекти за Програмата за прекугранична соработка ИПА ПС 2021-2027“.
Програмата е финансирана од Инструментот за претпристапна помош обезбеден од Европската Унија и го покрива буџетскиот период од 2021 до 2027 година. Програмата се спроведува според правилата на системот за децентрализирано управување со фондови на ЕУ, каде што Министерството за финансии на Република Србија е одговорно за склучување договори за финансиски средства.
Работилницата ќе се одржи на 25.10.2023 година во Скопје, М.Т.Гологанов (Иво Лола Рибар) 45, Клуб на пратеници
За време на работилницата ќе биде претставена програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија, креирањето на логичка рамка матрица во контекст на програмата за прекугранична соработка и нејзиното поврзување со формуларот за апликација, процедурите за јавни набавки, финансискиот менаџмент, декларацијата за прифатливи трошоци во стандардниот буџетски образец, како и методите за известување и следење.проект.
Доколку сте заинтересирани да присуствувате на информативната работилница, ве молиме да го потврдите вашето присуство со испраќање на пополнетата Апликација до ЗТС по електронски пат, преку е-поштата office@rs-mk.org најдоцна до 20 октомври 2023 година.
Доколку мислите дека други институции и организации со кои соработувате може да бидат заинтересирани за оваа работилница, ве молиме проследете ја овааинформација до нив.
Бидејќи бројот на места е ограничен, правото на учество се стекнува по редоследот на регистрација. Секој од пријавените ќе добие потврда за можноста, или не, да присуствува на работилницата поради ограничениот број места.
Во прилог ќе го најдете Формуларот за аплицирање и агендата на работилницата.
Имајте предвид дека организаторот на работилницата ќе ги сноси трошоците (освежување и ручек) за сите учесници, додека трошоците за превоз, сместување и евентуалните дневници ќе бидат на товар на учесниците.
Меѓу другото, сакаме да ве информираме дека секоја организација/институција е добредојдена да предложи до двајца претставници за учество на оваа работилница. Доколку вашата организација/институција одлучи да испрати повеќе од двајца претставници, Заедничкиот технички секретаријат ќе одлучи за можното додавање места по кратењето на бројот на апликанти.
Со почит,
Заеднички технички секретаријат,