ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАСТАНИ ПО ПОВОД ОБЈАВУВАЊЕ НА ПРВИОТ ПОВИК ЗА ПРЕДЛОЗИ НА ПРОЕКТИ

,

По повод неодамнешното објавување на првиот повик за програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија во рамките на ИПА III 2021-2027 година, Министерството за финансии на Република Србија, Сектор за склучување договори и финансирање на програми финансирани од страна на Европската Унија (CFCU), во соработка со Министерството за европски интеграции на Владата на Република Србија и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија, со задоволство ги најавуваме следните настани:

НастанДатумВремеМесто
Свечена Конференција11:00-11:30
Информативна сесија/
Упатства за апликанти
12:15-13:15
Коктел16/09/202413:15-14:15Vranje
Hotel Royal
Putnik
Информативна Сесија/
Образец за апликанти
14:15-15:15

Повикот за поднесување предлог проекти беше објавен на 5 септември 2024 година. Сите потребни документи (Упатства за апликанти, Образец за пријава со прилози и други релевантни документи) можат да се преземат од следниве веб-страници:

– CFCU: www.cfcu.gov.rs

– EuropeAid: https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?do=publi.welcome

Информации за овој повик исто така се објавени на 5 септември 2024 година во весникот „Политика“ во Србија.

Потенцијалните апликанти се срдачно поканети на Отворената конференција и Информативна сесија поврзани со Првиот повик за пред проекти во рамките на Програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија 2021-2027.

Ве молиме превземете ја агендата од линкот подолу: