Бисери на нашиот крај
Пред неколку дена се сретнавме со партнерите од проектот „Поврзување бисери“и им поставивме едно едноставно прашање: три години по завршувањето на проектот, дали гледате промени? Насмевките на нивните лица ни го дадоа одговорот уште пред да прозборат.
Саша Младеновиќ, кој повеќе од 20 години работи на развојни проекти во Град Лесковац, ги сподели своите впечатоци:
„Целото место оживеа! Луѓето се здружија, формираа неформални групи и продолжија да ги унапредуваат не само излетничките места, туку и самото село. Имавме и прекугранична соработка со колегите од Крива Паланка, со здруженија и со регионалната развојна агенција во рамките на уште еден проект, „Земја на легенди“. Сите заедно имавме една цел – да ги мобилизираме културните и природните ресурси за создавање одржливи туристички производи и дестинации. И успеавме! Знаете ли дека Соколица стана едно од најпопуларните Инстаграм места благодарение на новата видиковец? Просидби, „gender reveal“прослави, свадбени фотографии и посетители кои за прв пат доаѓаат – сето тоа сега е дел од приказната за Вучје.“
И локалните жители ја гледаат разликата: поплочени патеки кон познатите Ѓокини вирои, места за одмор со клупи, мапи со QR кодови што водат до атракции во околината – тоа е само дел од она што остана зад проектот „Поврзување бисери”.
Со насмевка го завршивме разговорот во Лесковац.
Ако планирате посета на нашиот регион, не пропуштајте да ги погледнете можностите за излети: https://connectingpearls.com/
Можеби и вие ќе заминете одовде со насмевка и со желба да ги откриете скриените бисери на југот на Србија и северот на Северна Македонија.





