Проектот „Зелена енергија“ во Бутел и Медвеѓа
Проектот „Зелена енергија – Поттикнување на социјално претприемништво преку формирање на пилот енергетски кооперативи во прекуграничниот регион“ инсталира фотонапонски системи поврзани на мрежа, со капацитет од 15 kW, на четири јавни објекти во општина Бутел:
🏢 Општинска зграда Бутел
🏡 Дневен центар „Ташко Караџа“
🏫 Основно училиште „Климент Охридски“
🏫 Основно училиште „Ацо Шопов“
Овие соларни системи ќе ја намалат потрошувачката на енергија и оперативните трошоци, и истовремено ќе го продолжат векот на траење на инфраструктурата на објектите. Тие носат долгорочни економски и еколошки придобивки за општината и нејзините граѓани.
Во општина Медвеѓа, проектот ја подобри енергетската ефикасност во Основното училиште „Партизански дом“. Старите врати и прозорци беа заменети со енергетски ефикасни решенија, што ја подобри термалната изолација и значително ја намали потрошувачката на енергија. Учениците сега имаат подобри услови за учење, а оперативните трошоци на училиштето се намалија, што позитивно влијае и на животната средина и на заедницата.
Оваа иницијатива претставува важен чекор кон одржлива енергетска иднина и покажува како зелената енергија може да има позитивно локално влијание.
Проект менаџерката, г-ѓа Теа Тевева, потенцираше дека проектот ја поддржува социјалнотo претприемништво и развојот на енергетските кооперативи во регионот. Таа исто така ги истакна стратешките документи подготвени за партнерските општини.
Што се случува денес во Бутел и Медвеѓа по завршувањето на проектите? Прочитајте повеќе во следниот напис.





