Успешната соработка како темел за нови развојни чекори

Крива Паланка и Лесковац имаат успешна историја на соработка во рамките на нашата Програма, со два реализирани проекти во два повици за поднесување предлог-проекти. Музејот и туристичката атракција Градец беа првите темели на оваа соработка.
Тие се навистина позитивен пример за тоа што може да се постигне со добро планирање, квалитетно партнерство и стручни тимови!
Особено ни е драго што можеме да следиме како Крива Паланка продолжи да користи донаторски средства од ИНТЕРРЕГ програмата Бугарија – Северна Македонија за понатамошен развој на извонредните туристички атракции во својата општина.
Фотографиите се направени за време на студиската посета, кога претставници на Министерството за европски интеграции на Република Србија, Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија и Заедничкиот технички секретаријат на повеќе програми го посетија проектот „Земја на легендите“.


Исто така, погледнете го и на Facebook reel градоначалникот на Крива Паланка, г. Сашко Митовски.