СРЕДА 13.04.2022 год.
Втора инфо сесија по повод објавувањето на Вториот повик за предлози во рамките на Програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија 2016-2020 година. се одржа во среда, 13 април 2022 година, во организација на Министерството за финансии на Република Србија, а во тесна соработка со Министерството за европски интеграции на Република Србија и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија, а со поддршка на Заедничкиот технички секретаријат.
Г-ѓа Љубица Малиќ-Ниќиќ, претставник на договорниот орган, Одделот за склучување договори и финансирање на програми финансирани од ЕУ во Министерството за финансии на Република Србија, ги презентираше Упатството за апликантите.
На настанот присуствуваа повеќе од 40 претставници од различни институции, кои имаа можност да се запознаат со правилата на Повикот.
Г-ѓа Александра Милетиќ, проектен службеник од проектот „Клучни чекори до родова еднаквосt- Key steps towards gender equality“, имплементиран од UN Woman, ги презентираше основните алатки за вклучување на родовата перспектива во предлозите за проекти.
Г-дин Новица Церовиќ, проектен службеник од Заедничкиот технички секретаријат го презентираше формуларот за апликација. Понатамошна поддршка за изнаоѓање партнери за прекугранична соработка може да се побара од Заедничкиот технички секретаријат.
Контакти на веб-страницата на Програмата: CONTACT – ИПА програм прекограничне сарадње Србија – Северна Македонија (rs-mk.org) или преку користење на базата на податоци за партнерства на истата веб-страница.
Следете не за повеќе новости за програмата на ФБ страница
Program prekogranične saradnje Srbija- Severna Makedonija | Facebook