На Комитетот за ИПА одржан на 3 јуни 2022 година, Европската комисија ја усвои новата Програма за прекугранична соработка ИПА III СРБИЈА – СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА за периодот 2021-2027 година. Вкупната вредност на оваа програма е 9.734.117,65 евра, од кои ЕУ финансира 8.400.000 евра. Општа цел на програмата е да се промовираат добрососедските односи, да се поттикне интеграцијата во Унијата и да се придонесе на социјален, економски и територијален развој на прекуграничната област на Програмата преку подобрување на социјалната и културната вклученост и здравјето, преку развивање на одржлив туризам.
Во Србија Програмата ги опфаќа областа на Јабланица: Град Лесковац и општините Бојник, Лебане, Медвеѓа, Власотинце и Црна Трава, Областа на Пчиња: Град Врање со две градски општини: Врање и Врањска Бања и општините Владичин Хан, Сурдулица, Босилеград , Трговиште, Бујановац и Прешево.
Во Северна Македонија: Северо-источен плански регион: општините Кратово, Липково, Куманово, Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка, Скопски плански регион: општините Арачиново, Чучер Сандево, Илинден, Петровец, Сопиште, Студеничани, Зелениково и општините Бутел, Ѓорче Петров , Шуто Оризари и Гази Баба на Град Скопје.
Програмски тематски кластери (ТК), тематски приоритети (ТП) и специфични цели (ПС) се:
TК 1: Подобрување на можности за вработување и социјални права,
ТП1: Вработување, мобилност на работната сила и социјална и културна вклученост преку границите;
СО: Подобрување на социјалната и културната вклученост и здравјето.
TК 4: Подобрување на деловната средина и конкурентноста,
ТП5: Поттикнување на туризмот и културното и природното наследство;
СО: Унапредување на културното и природното наследство за одржлив развој на туризмот.
Оперативната програма можете да ја превземате тука: