На 26 Април Министерството за локална самоуправа организираше Инфо Ден по повод новата ИПА 3 програма за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија 2021-2027 каде што претставници на Оперативната структура од Министерството за локална самоуправа ги презентираа новите можности за финансирање на проекти во рамки на новата ИПА 3 програма ,пред присутните градоначалници, раководители на локални единици, центри за регионален развој и невладиниот сектор. На сесијата покрај финансиските можности беа истакнати можностите на програмата за градење на човечки капацитети.
Тематските кластери, приоритетните оски и специфичните цели на новата програма се:
TК 1: Подобрување на можности за вработување и социјални права,
ТП1: Вработување, мобилност на работната сила и социјална и културна вклученост преку границите;
СЦ: Подобрување на социјалната и културната вклученост и здравјето.
TК 4: Подобрување на деловната средина и конкурентноста,
ТП5: Поттикнување на туризмот и културното и природното наследство;
СЦ: Унапредување на културното и природното наследство за одржлив развој на туризмот.
Потенцијални корисници на грантови се:
- Граѓанска организации активни на полето на социјалните, здравствените и културните политики и Граѓанска организации кои ги застапуваат интересите на ранливите групи
- Институции и организации кои обезбедуваат формално, или неформално образование
- Социјални, здравствени и културни институции
- Локалните самоуправи
- Организации кои ги претставуваат националните или етничките малцинства
- Локалните и регионалните развојни организации/агенции
- Научно-истражувачки институции и организации
- Владините министерства и институти кои ја надгледуваат социјалната и здравствената политика.
и
- Локални и регионални туристички организации
- Националните туристички одбори
- Стопанска комора, занаетчиски комори, деловни здруженија, кластери, задруги, здруженија на земјоделци
- Институции за заштита на природата/животната средина
- Институции од областа на културното или историското наследство
Граѓански организации активни во туризмот, природата, животната средина и/или културно/историското наследство
Вкупната вредност на финансиските алокации се 8,400,000.00 Евра, кои ќе бидат расположливи по распишани повици за предлог на проекти кои ќе бидат објавени на веб-страната на програмата, Министерството за локална самоуправа, Министерството за Европски Интеграции на РС, и национални весници.