Заменикот на шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Пламена Халачева, беше гостинка во Асоцијацијата на бизнис жените во Србија, која го реализираат проектот ” Надминување на родовите и генерациските јазови на пазарот на трудот преку градење капацитети и промоција на нови деловни можности во прекуграничниот регион – CBC бизнис, родови и возрастен еквилибриум”. Овој проект се поддржува преку прекуграничната програма Србија и Северна Македонија, овозможувајќи поголемо учество на жени, младите и загрозените групи на жените на пазарот на трудот.
Како што објасни Драгана Панајотовиќ, проектниот менаџер, целта која го има проектот е да се постигнат со партнерските организации од Северна Македонија е да се зголеми видливоста и да се ангажираат жените во сектори кои традиционално не се сметаат за женски. “Нашата цел прво е да ги охрабриме и мотивираме; во мај, ќе започне обуката, а потоа ќе им обезбедиме неопходна додатна поддршка преку менторство.”
“Освен проектот и работата на нашите асоцијации, потребна е и континуирана поддршка од националното и локалното ниво, како и од економијата, од поголемите и успешните претпријатија што делуваат во нашите заедници,” додаде Тијана Јовановиќ, претседател на партнерската организација, асоцијацијата на жените во бизнисот на Врање.
Проектот се финансира од ЕУ во износ од 145.290,44 евра, со дополнителни 15% кофинансирање од партнерите на проектот. Се реализира во општините Трговиште, Владичин Хан и две градски општини на град Врање во Србија, и во Северна Македонија во општините Бутел и Ѓорче Петров.