Локална објава на повикот за поднесување на предлози за проекти
Програм за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија за периодот 2021-2027 во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), алокации за 2022 и 2024 година, го објавува првиот повик за поднесување на предлози за проекти
Референца на објавата, EuropeAid/182708/DD/ACT/RS
Владата на Република Србија, претставувана од Министерството за финансии, Секторот за склучување договори и финансирање на програми финансирани од ЕУ (CFCU), објавува барање за поднесување на предлози за проекти во рамки на програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија за периодот 2021-2027 во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), алокации за 2022 и 2024 година, Прв повик за поднесување на предлози за проекти.
Детални упатства за подносителите се достапни за бесплатно преземање на следната интернет страница:
– CFCU: www.cfcu.gov.rs
– EuropeAid: https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?do=publi.welcome
Крајниот рок за поднесување концепт-нота е 22 октомври 2024 година, која што се потврдува со датумот на испраќање, поштенскиот печат или датумот на уплатницата. Во случај на рачна испорака, крајниот рок за прием е до 22 октомври 2024 година пред 15:00 часот по локално време, која што се потврдува со потпишаниот датум на приемот.
Информативните сесии во врска со овој повик за поднесување на предлози за проекти ќе се одржат во Република Србија и Северна Македонија. Распоредот на информативните сесии ќе биде објавен подоцна на следниве веб-страници:
– CFCU: www.cfcu.gov.rs
– EuropeAid: https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?do=publi.welcome