По повод објавување на првиот повик за предлози од Програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија во рамките на ИПА III 2021-2027 година, Министерството за финансии на Република Србија, Одделот за склучување договори и финансирање на Европската унија- Финансирани програми (CFCU), во соработка со Министерството за европски интеграции на Владата на Република Србија и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија, со задоволство ги најавува следните настани:
- Информативна сесија
- Форум за пребарување на проектни партнери
Презентацијата и форумот ќе се одржат во „Клуб на пратеници“ во Скопје, Северна Македонија на 3 октомври 2024 година од 10:00 до 14:45 часот.
Повикот за предлози беше објавен на 5 септември 2024 година. Сите потребни документи (Упатства за апликантите, формулар за апликација со анекси и други релевантни документи) може да се преземат на следните веб-страници:
– CFCU: www.cfcu.gov.rs
– EuropeAid: https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?do=publi.welcome
Коригендумот бр.1 е објавен на горе наведените веб-страници.
Потенцијалните апликанти се срдечно поканети на Информативната сесија и Форумот за пребарување партнери поврзани со првиот повик за предлози во рамките на Програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија 2021-2027 година.
Агендата и поканата може да се преземат тука: