Прирачникот за имплементација на проекти за корисниците на грантови

Со задоволство објавуваме дека е Прирачникот за имплементација на проекти  за корисниците на грантови во рамките на Првиот повик за поднесување предлог-проекти на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија.

Подготвен како практичен водич за имплементација на проектите, Прирачникот е наменет да им обезбеди поддршка на корисниците на грантови во текот на целиот животен циклус на проектот. Тој содржи јасни насоки за примена на одредбите од Договорот за грант и практични упатства што ќе им помогнат на корисниците ефикасно, правилно и целосно во согласност со важечките правила да ги спроведуваат своите проекти.

Прирачникот ги опфаќа сите клучни аспекти на имплементацијата на проектите, вклучувајќи воспоставување на проектот, договорни обврски, измени на договорот, финансиско управување, набавки, известување, како и барањата за комуникација и видливост. Тој е дополнет со сеопфатен сет на анекси што содржат обрасци, примери и практични алатки за олеснување на секојдневната имплементација на проектите.

Ги охрабруваме сите водечки корисници и ко-корисници редовно да го користат Прирачникот како практична референца во текот на целата имплементација на нивните проекти.

Прирачникот за имплементација на проекти треба да се користи заедно со Договорот за грант и неговите анекси. Во случај на какво било несогласување, предност имаат одредбите од Договорот за грант.

Заедничкиот технички секретаријат останува на располагање на сите корисници на грантови за да обезбеди насоки, појаснувања и континуирана поддршка во текот на имплементацијата на нивните проекти.