Министерството за Европска Интеграција на Владата на Република Србија, како договорен орган, објавува Оглас за ангажирање на Проценители на предлог – проекти добиени под:
• Првиот повик за предлози на Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2016-2020 година под Инструментот за претпристапна помош (ИПА II), алокации за 2016 и 2017 година (референца: EuropeAid / 165171 / ID / MULTI)
Потенцијалните кандидати треба да ги исполнат следниве услови утврдени како минимум:
Квалификации и вештини:
- Универзитетска диплома
- Одлично познавање на англискиот јазик
- Компјутерск вештини
- Добри аналитички вештини и вештини за пишување
- Вештини за подготвување на извештаи.
Општо професионално искуство:
Експертите треба да имаат минимум 9 години општо работно искуство Специфично професионално искуство:
Специфично професионално искуство
- Најмалку 6, по можност 10 години релевантно работно искуство во едно или повеќе полиња поврзани со тематските приоритети на повикот (промовирање на вработување, мобилност на работна сила и социјално и културно вклучување преку границата и / или поттикнување туризам и културно и природно наследство;
- Најмалку 2 години работно искуство во управување, супервизија или дизајнирање на програми за помош и / или проекти; Претходното искуство во проценување на предлог-проекти за програми и проекти финансирани од ЕУ или други донатори во земјите од Западен Балкан и поврзани со повици за предлози ќе се сметаат за предност;
- Познавањето на локалните јазици ќе се смета за предност.
Подготвеност за патување во соседните земји доколку е потребно.
Целта на овој повик е да се формира список на заинтересирани кандидати.
Откако ќе се изготви списокот, договорниот орган може да избере и да покани квалификувани кандидати да учествуваат во интервју и обука. Условите за подоцнежно учество и избор на успешни кандидати се наведени во деталниот „Услови за препорака на експерти („ оценувачи “) за да помогнат во евалуацијата на апликациите за грант примени во рамки на повикот за предлози“ (референца: EuropeAid / 165171 / ID / MULTI)
Доколку сте заинтересирани да учествувате во огласот за проценители, испратете е-пошта до функционалното поштенско сандаче на Одделот за прекугранична и транснационална програма за соработка и соработка со локални и регионални власти и организации за поефикасно користење на средства: cbc@mei.gov.rs со приложена во пропишан формат CV на англиски јазик и Попратно писмо.
При испраќање на е-пошта, ве молиме наведете ја следната референца во предметната линија: Expression of interest (reference: EuropeAid/ 165171/ID/MULTI)”.
Сите заинтересирани страни кои ги доставиле горенаведените податоци до 15:00 часот CET 30.09.2019 година , Ќе бидат вклучени во списокот.
Напомена: Регистрирањето на списокот не го обврзува Договорниот орган да го покани потенцијалниот кандидат да учествува на интервју и обука.
Линк на повикот од веб-страната на Министерство за Локална Самоуправа:https://bit.ly/2kdUSMS