Еднодневни работилници на тема „Подготовка на предлог проекти за ИПА Програмата за прекугранична соработка 2021-2027“ се одржаа во Лесковац на 18 октомври и во Скопје на 25 октомври, со техничка поддршка на Заедничкиот технички секретаријат (ЗТС) на Преку-Граничната Програма Србија-Северна Македонија
На работилниците беше претставена програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија, креирањето на логичка рамка матрица во контекст на програмата за прекугранична соработка и нејзината поврзаност со формуларот за апликација, процедурите за јавни набавки, финансискиот менаџмент, известувањето за прифатливи трошоци во стандардниот буџетски формулар, како и начини на известување и следење на проектот. Вкупно на работилницата учествуваа 30 луѓе од јавни институции, здружениа и не владин сектор.


