Општиот цел на Програмата за прекугранична соработка ИПА II Србија – Северна Македонија 2016-2020 е да се унапредуваат добрососедските односи, да се воспоставуваат партнерства и да се допринесе за развој на целокупната програмска област со поврзување на луѓето и ресурсите на одржив начин.
Едно од партнерствата кои започнаа со првиот повик за предлог проекти кои и продолжија во вториот беше помеѓу општините Лесковац во Србија и Крива Паланка во Северна Македонија. Овие две општини го реализираа проектот “Поврзување на бисерите”, а реализацијата на проектот „Земја на легендите“ сè уште трае.
Сепак, оваа соработка воспоставена за време на реализацијата на проектот резултираше во други партнерства помеѓу корисниците на проектот од двете земји од различни комунални услуги.
Нашата колешка, г-ѓа Бранкица Илиќ од Центарот за граѓански услуги во Лесковац, беше поканета од Музејот во Крива Паланка да учествува во традиционалното „Невестинско поклонување“ во Конопница, заедно со својата свекрва. Општината Крива Паланка, заедно со културните институции, го поддржува настанот како чувар на семејните вредности со универзални пораки што го негуваат македонското културно наследство. Можете да зирнете во топлината на денот кога учесниците разменуваа приказни, традиции и идеи за идната соработка на следниот линк: