На 23 мај, од 12:00 до 15:00 часот, Во салата за конференции на културен центар во Лесковац се одржа конференцијата за отворање на прекуграничниот проект Србија – Северна Македонија со назив„Coaching for Employment and Entrepreneurship“ – Добри пријатели, нови можности.
На конференцијата беа присутни над 100 учесници и партнери од Северна Македонија. За време на конференцијата беа презентирани резултатите од претходната работа, плановите за идните активности и важноста на овој проект за младите кои се соочуваат со предизвиците на статусот NEET (млади исклучени од образованието и пазарот на труд).
На конференцијата своите програми како презентери ги претставија:
Братислав Петровиќ, претседател на општина Власотинце,
Јелена Живковиќ, претставник на Град Лесковац, одделение за општествени дејности,
Марија Стевановиќ, претставник на Националната служба за вработување Лесковац,
Горан Петковски, раководител на одделение во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија,
Елизабета Ѓорѓиевска, Алка Скопје, партнер организација на проектот од Северна Македонија,
Жељко Плавшиќ, образовен центар Лесковац, проектен координатор.