Министерството за европски интеграции на Владата на Република Србија и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија, со техничка поддршка на Заедничкиот технички секретаријат на Програмата за прекугранична соработка (ЗТС), ве покануваат да присуствувате на еднодневна работилница на тема „Подготовка на предлог проекти за Програмата за прекугранична соработка ИПА ПС 2021-2027“.
Програмата е финансирана од Инструментот за претпристапна помош обезбеден од Европската Унија и го покрива буџетскиот период од 2021 до 2027 година. Програмата се спроведува според правилата на системот за децентрализирано управување со фондови, каде што Министерството за финансии на Република Србија е одговорно за склучување договори за финансиски средства.
Работилницата ќе се одржи на 05.06.2024 година во Врање, во Салата на Управниот округ Пчињ, на улица Пети Конгрес бр.1
За време на работилницата ќе биде претставена програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија, подготовка на матрица на логичка рамка во контекст на програмата за прекугранична соработка и нејзиното поврзување со формуларот за апликација, процедурите за јавни набавки, финансискиот менаџмент, декларацијата за прифатливи трошоци во стандардниот буџетски образец, како и методите за известување и следење.
Доколку сте заинтересирани да присуствувате на информативната работилница, ве молиме да го потврдите вашето присуство со испраќање на пополнетиот формулар за апликација до ЗТС по електронски пат, преку е-поштата office@rs-mk.org најдоцна до 02.06.2024 година.
Доколку мислите дека други институции и организации со кои соработувате може да бидат заинтересирани за оваа работилница, ве молиме проследете ја оваа информација до нив.
Имајте предвид дека организаторот на работилницата ќе ги сноси трошоците (освежување и ручек) за сите учесници, додека трошоците за превоз, сместување и евентуалните дневници ќе бидат на товар на учесниците.
Во прилог ќе ги најдете Формуларот за аплицирање истиот ве молам по пополнување пратете го до office@rs-mk.org