Entries by rsmk

Ова е нашата трага во времето

Ова е приказна за простор каде што, и покрај далечините и суровите зими, сè уште се едуцираат деца, се раѓаат амбиции, се коваат планови и се негува надежта дека животот на планината носи уште многу убави изненадувања. Учениците и наставниците прикажаа најзначајните моменти од 122-годишната историја на училиштето во Долниот Бучумет, како и од современиот […]

Постојано чекорејќи по патот кон еднакви можности за сите

Во изминатата година, нашиот проект го трансформира начинот на кој жените, младите и ранливите групи пристапуваат до пазарот на труд, отворајќи врати кон можности што некогаш изгледаа недостижни. Сè започна со обуки за родови стереотипи. Група од 240 учесници ги истражуваше несвесните предрасуди што ги ограничуваат изборите на кариера. Тие научија практични алатки за да […]

Проектот „Зелена енергија“ во Бутел и Медвеѓа

Проектот „Зелена енергија – Поттикнување на социјално претприемништво преку формирање на пилот енергетски кооперативи во прекуграничниот регион“ инсталира фотонапонски системи поврзани на мрежа, со капацитет од 15 kW, на четири јавни објекти во општина Бутел: 🏢 Општинска зграда Бутел 🏡 Дневен центар „Ташко Караџа“ 🏫 Основно училиште „Климент Охридски“ 🏫 Основно училиште „Ацо Шопов“ Овие […]

Шепоти на вода и камен – Треска и Матка, природна хармонија на Северна Македонија

Есента е најмагичното годишно време за пешачење по патеките на Матка. Воздухот е свеж и миризлив, шумите сјаат во златни и рѓосани тонови, а звукот на реката Треска одекнува низ кањонот како безвременска мелодија. Дали возите велосипед по патеките, фотографирате ѕидовите на кањонот или едноставно застанувате да уживате во мирот на моментот, тука природата зборува […]

Учење, раскажување и инспирација во Струга

Стигнав на 6. регионален IPA–IPA JTS настан во Струга, Северна Македонија, целосно подготвена да водам белешки и можеби да направам неколку фотографии. Но, изненадувачки, тоа беше последното на што мислев. Учевме за најновиот IPA III CBC регионален мониторинг систем – неговите функционалности, новости и корисничко искуство. Тој сигурно ќе стане еден од нашите најкористени алати […]

ПРЕКУГРАНИЧНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Да се видат опипливи резултати на терен е она што навистина нè прави горди. Еден од проектите финансирани преку нашиот програм, „Помалку отпад, помал ризик, повеќе здравје“, донесе трајни подобрувања во општините Липково во Северна Македонија и Прешево во Србија. Со поддршка од ЕУ, партнерите ги здружија силите за подобро управување со цврстиот отпад и […]