Заедничкиот комитет за следење (во понатамошниот текст “ЗКС”) на “Програмата за прекугранична соработка на Србија – Република Македонија 2016-2020 ” (во понатамошниот текст “програма”) е трајно деловно тело основано во согласност со чл. 52.2 од Регулативата за спроведување на Европската Комисијата 447/2014 од 2 мај 2014 година за специфичните правила за спроведување на регулативата на (ЕУ) бр. 231/2014 на Европскиот парламент и на Советот за основање на Инструмент за претпристапна помош (ИПА II) и членот. 78 од Рамковниот договор (во понатамошниот текст “РД”) помеѓу секоја од двете земји-учеснички и Европската комисија за договори за спроведување на финансиската помош на Унијата според ИПА II.
Со него претседава шефот на телото на Прекугранична Соработка на Република Македонија и се состанува најмалку двапати годишно. Секоја земја има еден глас, а одлуките се носат врз основа на едногласност. Институциите за назначување на претставници и заменици се дефинирани од страна на телата за Прекугранична соработка на Република Србија и Република Северна Македонија, во согласност со одредбите од член 78 (3) од Рамковниот договор. Застапниците и замениците се обврзани да потпишат декларации за непристрасност и доверливост. Процедурите за работа ги содржат одговорностите на Заедничкиот комитет за следење, како што е предвидено со член 78 од Рамковниот договор и затоа е одговорен за:
- Идентификување на тематски приоритети, специфични цели, целни корисници и специфичен фокус на секој повик за предлози, кој ќе биде одобрен од Комисијата;
2. Да ги испита и да даде советодавно мислење за листата на операции избрани преку повици за предлози пред одлуката за доделување грант. Договорниот орган донесува конечна одлука за доделување грантови;
3. го разгледуваат напредокот постигнат во однос на остварувањето на конкретните цели, очекуваните резултати и целите по тематски приоритет како што е утврдено во програмата за прекугранична соработка, врз основа на информациите обезбедени од оперативните структури на земјите-учеснички. Напредокот ќе се следи според показателите утврдени во програмата за прекугранична соработка;
4. Да ги испита релевантните наоди и заклучоци, како и предлози за корективни активности за следење кои произлегуваат од проверките, следењето и оценувањето на самото место, доколку се достапни;
5. Да одобри предлози за ревизија на програмата за прекугранична соработка. Секогаш кога е потребно, може да даде предлози за измена на програмата за прекугранична соработка како што е наведено во член 68 од Рамковниот договор, со цел да се обезбеди постигнување на целите на програмата за прекугранична соработка и да се зголеми ефективноста, влијанието и одржливоста и ефикасноста на ИПА Програмта. ЗКС исто така може да дава препораки за тоа како да се подобри спроведувањето на програмата за прекугранична соработка;
6. Го разгледува и одобрува планот за комуникација и видливост за програмата за прекугранична соработка;
7. Го разгледува и одобрува планот за евалуација од член 57 (2) од Рамковниот договор;
8. Ги разгледува и одобрува годишните и завршните извештаи за спроведување наведени во член 80 од Рамковниот договор;
9. Го разгледува и одобрува годишниот план за работа на Заедничкиот технички секретаријат.