Заедничкиот технички секретаријат
Заедничкиот технички секретаријат е формирана за целите на Програмата, со главното седиште во Лесковац, Република Србија, и со Антена канцеларијата во Куманово, Република Северна Македонија. Неговата улога е да го поддржи Заедничкиот комитет за следење и двете Оперативни структури, особено во однос на обезбедување вистински прекуграничен пристап кон потенцијалните апликанти, корисници и активности избрани за финансирање во рамките на Програмата.
Должностите на Заедничкиот технички секретаријат вклучуваат, меѓу другото, поддршка на потенцијалните апликанти и корисници, мониторирање, собирање веродостојни податоци на оперативно ниво и нивно агрегирање на ниво на програма, обезбедување на инпут за оперативните структури како што е соодветно и неопходно (на пример, во однос на годишните и финалните извештаи за спроведување на Програмата), како и дизајнирање и имплементирање на информации, видливост и публицитет поврзани со Програмата. Покрај тоа, преку поддршка и следење на активностите, Заедничкиот технички секретаријат ќе обезбеди релевантни информации до договорниот орган, што укажува на потребата за можни корективни мерки во однос на самата операција во согласност со неговите должности.
Трошоците за Заедничкиот технички секретаријат се опфатени со приоритет на техничка помош на Програмата и нејзините активности ќе се вршат според работниот план што го одобрува Заедничкиот Комитет за Следење годишно.