Конференција за иднината на Европа A vivid Europe from below– локалните власти на Западен Балкан и нивната визија за иднината на Европа ќе се одржат Онлајн – Понеделник 14 јуни 2021 година од 10:00 до 12:00 часот.
Придружете ни се на трето, во серија работилници A vivid Europe from below, како дел од конференцијата Future of Europe, заеднички организирана од следниве институции: Foster Europe Foundation, Eisenstadt, The Centre of Public Administration Research (KDZ) Vienna, University of Applied Sciences и Jean Monet Chair Local Authorities in the EU.
Конференцијата „Future of Europe“ во моментов води дебати преку широк партиципативен дискурс за иднината на ЕУ. За жал, земјите од Западен Балкан досега не биле вклучени во дебатата за тоа како да се обликува иднината на Европа. Општините играат клучна улога во спроведувањето на концептот на европска интеграција. На нашата работилница би сакале да ја потенцираме улогата на општините во Eвропската интеграција, вклучително и макро-регионалните стратегии на ЕУ, да разговараме за потенцијалот на општините од Западен Балкан и да започнеме да зборуваме за визијата и потребите на општините во регионот за Европа на близок и среден рок.
Пријавувањето е бесплатно и е отворено за сите заинтересирани лица и институции. На работилницата ќе биде користен англискиот јазик. Не заборавајте да се регистрирате за да учествувате во работилницата: Регистрација
Наскоро ќе ви бидат доставени и останатите технички инфорамции, Прашања може да поставувате на: office@foster-europe.org