Министерството за европски интеграции на Република Србија, како договорен орган во соработка со Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија како оперативна структура на МК го објавуваат Повикот за изразување интерес за евалуација на предлог-проектите добиени во рамките на:
Вториот повик за предлози на проекти на Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2016-2020 од Инструментот за претпристапна помош (ИПА II), алокации за 2018, 2019 и 2020 година (референца: EuropeAid/ 173818/ID/ACT/MULTI)
Потенцијалните кандидати треба да ги исполнат следните услови поставени како минимум:
Квалификации и вештини:
• Универзитетска диплома
• Одлично познавање на англискиот јазик
• Компјутерски вештини
• Добри аналитички и пишувачки вештини
• Искуство во изготвување извештаи.
Општо професионално искуство:
• Експертите треба да имаат најмалку 9 години општо работно искуство
Специфично професионално искуство:
• Најмалку 6, по можност 10 години релевантно работно искуство во една или повеќе области поврзани со тематските приоритети на повикот (промоција на вработување, мобилност на трудот и социјална и културна вклученост преку граница и/или поттикнување на туризмот, културно и природно наследство;
• Најмалку 2 години работно искуство во управување, надзор или дизајнирање на програми и/или проекти
• Претходно искуство во оценување на предлог проекти на програми и проекти финансирани од ЕУ или други донатори во земјите од Западен Балкан и поврзаните повици за предлози ќе се сметаат за предност;
• Познавање на локални јазици ќе се смета за предност.
Потребна е подготвеност за патување во Белград, Србија доколку се побара.
Целта на овој повик за изразување интерес е да се формира листа на заинтересирани кандидати.
Откако ќе се состави списокот, договорниот орган ќе избере и покани квалификувани кандидати да учествуваат во втората фаза од изборот – писмен тест и интервју. Условите за понатамошно учество и избор на успешни кандидати се наведени во деталниот документ “Услови за работа на експерти („оценувачи“) кои ќе помогнат во евалуацијата на апликациите за грант добиени во рамките на повикот за предлог проекти“ (референца : EuropeAid/ 173818/ID/ACT/MULTI)”
Доколку сте заинтересирани да учествувате на предметниот повик за изразување интерес, ве молиме испратете по е-пошта до функционалното поштенско сандаче на Секторот за програми за прекугранична и транснационална соработка и соработка со локални и регионални власти и организации за поефикасно користење на средствата на Министерство за европски интеграции на Република Србија: cbc@mei.gov.rs со CV во пропишан формат на англиски јазик и мотивационо писмо во прилог.
При праќање е-пошта, ве молиме наведете ја следната референца во насловот: “Програма за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија – Изразување интерес (референца: EuropeAid/173818/ID/ACT/Multi)“.
Во списокот ќе бидат вклучени сите заинтересирани кои ги доставиле горенаведените документи до 15:00 часот по средноевропско време на 05/04/2022 година. Н.Б. Вклучувањето на листата не го обврзува договорниот орган да го покани потенцијалниот кандидат да учествува во вежбата за селекција и интервјуто