По повод неодамнешното објавување на првиот повик за програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија во рамките на ИПА III 2021-2027 година, Министерството за финансии на Република Србија, Сектор за склучување договори и финансирање на програми финансирани од страна на Европската Унија (CFCU), во соработка со Министерството за европски интеграции на Владата на Република Србија и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија, со задоволство ги најавуваме следните настани:
Настан | Датум | Време | Место |
---|---|---|---|
Свечена Конференција | 11:00-11:30 | ||
Информативна сесија/ Упатства за апликанти | 12:15-13:15 | ||
Коктел | 16/09/2024 | 13:15-14:15 | Vranje Hotel Royal Putnik |
Информативна Сесија/ Образец за апликанти | 14:15-15:15 |
Повикот за поднесување предлог проекти беше објавен на 5 септември 2024 година. Сите потребни документи (Упатства за апликанти, Образец за пријава со прилози и други релевантни документи) можат да се преземат од следниве веб-страници:
– CFCU: www.cfcu.gov.rs
– EuropeAid: https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?do=publi.welcome
Информации за овој повик исто така се објавени на 5 септември 2024 година во весникот „Политика“ во Србија.
Потенцијалните апликанти се срдачно поканети на Отворената конференција и Информативна сесија поврзани со Првиот повик за пред проекти во рамките на Програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија 2021-2027.
Ве молиме превземете ја агендата од линкот подолу: