Министерството за европска интеграција на Република Србија и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија, со техничка поддршка на Заедничкиот технички секретаријат (ЗТС), ве покануваат да присуствувате на еднодневна информативна работилница за „ Подготовка на предлог-проекти за Србија-Северна Македонија 2016-2020 година “.
Заради постојните епидемиолошки мерки и неконзистентноста на состојбите на територијата на двете земји, работилницата ќе се одржи на 24 и 25 јуни 2021 година преку Он-лајн, од 9 до 17 часот со паузи, а учесниците избираат ден кога би сакале да учествуваат. Линкот до мрежната платформа за учество на работилницата ќе им биде приложена на пријавените учесници.
Доколку сте заинтересирани да присуствувате на информативната работилница, ве молиме потврдете го вашето присуство со пополнување на формуларот за апликација преку следниот Линк
Ако мислите дека други институции и организации со кои работите може да бидат заинтересирани за оваа работилница, ве молиме да им дадете информации.
Бидејќи бројот на места е ограничен, правото на учество се стекнува по редоследот на пријавување и секоја институција / организација може да аплицира за најмногу две лица. Секој од апликантите ќе добие потврда за можноста, или не можноста, да присуствува на работилницата, исклучиво поради ограничената интерактивна работа преку онлајн алатки.
За време на работилницата, Програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија, развој на логичка рамка матрица во контекст на програмата за прекугранична соработка и нејзино поврзување со формуларот за апликација, финансиско управување, презентирање на квалификувани трошоци во стандардниот буџет форма, методи за известување, мониторинг на проекти и други теми предвидени во Агендата
Програмата за прекугранична соработка Србија и Северна Македонија е финансирана од Инструментот за претпристапна помош обезбеден од Европската унија и го опфаќа буџетскиот период од 2016 до 2020 година. Се спроведува според правилата на децентрализираниот систем за управување со средства, каде Министерството за финансии на Република Србија е одговорно за договарање на средствата.
За сите дополнителни информации и помош при аплицирање за учество, ви стоиме на располагање преку адресата: